Украина е победник на Евровизија, а еве како гласаше Македонија

По минатогодишната победа на италијанската рок-група „Монескин“, вечерва Италија приреди спектакуларна финална вечер како земја-домаќин на 66. издание на Изборот на песна за Евровизија.

Оваа година, победата отиде во рацете на „Калуш Оркестра“ од Украина, чија песна „Stefania“ беше избрана за најпопуларна во конкуренцијата од 40 земји-учеснички. На втората позиција се најде Обединетото Кралство, а на третата позиција – Шпанија.

Србија беше единствена земја од поранешна Југославија која успеа да се пласира во големото финале. Нивната претставничка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, го освои одличното 5. место.

За време на големото финале, вечерва настапија претставниците на Чешка, Романија, Португалија, Финска, Швајцарија, Франција, Норвешка, Ерменија, Италија, Шпанија, Холандија, Украина, Германија, Литванија, Азербејџан, Белгија, Грција, Исланд, Молдавија, Шведска, Австралија, Обединетото Кралство, Полска, Србија и Естонија.

Според правилата, победничката евровизиска песна е избрана од жири-комисија составена од експерти од музичката индустрија, но и од гласовите на публиката. Според гласовите на стручната жири-комисија, најмногу гласови освои Обединетото Кралство – 283. Но, по пребројувањето на гласовите на публиката, стана јасно дека Украина е годинашен победник на Изборот на песна за Евровизија.

Ова е трета победа на Украина на ова музичко натпреварување, кое привлекува публика од 200 милиони луѓе од 45 земји.

Финалето како и секоја година и оваа се следеше со голем интерес во Македонија.
Во големото финале на Евровизија се вклучи и некогашната претставничка во овој натпревар, Јана Бурчевска која ги кажа гласовите од Македонија:

1 поен доби Швајцарија

2 поени доби Полска

3 поени доби Белгија

4 поени доби Азербејџан

5 поени доби Австралија

6 поени доби Шведска

7 поени доби Италија

8 поени доби Обединетото Кралство

10 поени доби Србија

12 поени доби Шпанија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде