ЗА ВЛАКНО НИ ИЗБЕГАЛО ФИНАЛЕТО: Еве на кое место завршила Андреа во полуфиналето!

Македонската претставничка Андреа Коевска, која за жал, не се пласираше во финалето на „Евровизија“, според објавената листа на официјалниот евровизиски сајт завршила 11-та во полуфиналето на музичкото натпреварување.

Според деталните податоци од гласањето објавени на официјалната страница, Андреа освоила вкупно 76 поени, и тоа 56 од жири и 20 од телефонското гласање. Впечатливи се податоците кои покажуваат дека Македонија најмногу поени добила од жири-комисијата на Германиј, а најмалку од жирито на соседна Србија.

Во финалето, пак Македонија најмногу гласови според жири – 12, даде на Шпанија, а 10 поени на српската претставничка Констракта.

Гласањето на жирито се разликуваше од телефонското гласање, според кое 12 поени освоила Србија, а 10 Шпанија. Украина освои 8 поени од телефонското гласање, додека според македонското жири, победничката песна на Украина не заслужи ниту еден поен.

НАСТАПОТ НА АНДРЕА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде