Зеленски изненади: Објави каде сака да се одржи Евровизија!

Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на Евровизија во украинскиот град Мариупол, порача претседателот Зеленски.

Обложувалниците ја претставија групата како јасен фаворит за годишното натпреварување, кое обично привлекува околу 200 милиони гледачи, делумно врз основа на популарните симпатии кон Украина по руската инвазија во февруари.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по победата на Украина на Евровизија на Фејсбук објави: „Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа“.

„Им благодарам на Kalush Orchestra за оваа победа и на сите оние кои ни ги дадоа своите гласови! Сигурен сум дека звукот на победата во борбата против непријателот не е далеку“, додаде тој.

Украина беше на четвртото место според гласањето на жирито, но победата ја однесе со водечка предност во гласањето на гледачите. Британецот Сем Рајдер заврши на второто место, додека Шанел од Шпанија заврши трета.

Ќе потсетиме, македонската претставничка Андреа не успеа да се пласира во финалето, а во полуфиналето по натпреварувањето беше објавено дека сме завршиле на 11-тата позиција, само едно место подоле од местата кои обезбедуваат место во финалната вечер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде