Хаос во Скопје: Британски тинејџери украле такси и удриле во банкина!

Денеска (23.05.2022) во 05:45 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија.

Околу 01:50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слична содржина

Тројца британски државјани, кои се учесници во воената вежба која периодов се одвива на армискиот полигон Криволак, Неготино, синоќа ги во3немирија граѓаните во центарот на градот со агpесивно однесување, пренесува ФОКУС.

Настанот се случи во кафуле на градскиот плоштад, локал кој е омилено збиpалиште на тинејџерите од градот, а немилите сцени се одвиваа пред голем број на очевидци.

Како што информираат од СВР Велес за ,,Фокус”, вчера во 22.50 часот британските државјани Џ.Л. (29), Б.С. (24) и Б.Ф. (29), се однесувале агpесивно и 0штетиле инвентар во угостителски објект во Неготино.

Покрај тоа, Џ.Л. Hападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

-На 20.05.2022 во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29),

сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агpесивно и 0штетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. Hападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Од почетокот на воената вежба на Криволак, во Неготино беше забележан и друг инцидент, кога ранец падна од воздухоплов и оштети настрешница на семејна куќа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде