Хит снимка: Сакаше да види како ќе му изгледа погpебот, па организираше генерална проба

Миладин Јелиќ од Бања Лука, попознат како Маза, сопственик на истоименото кафуле во Бања Лука, решил да си изгради гробница.

Не би било чудно Маза, инаку познат по тоа што од сè прави шоу, како што велат негови познаници, да не направи „генерална проба“ на сопствениот погрpеб.

Вака настана видеото во кое главниот лик ја „проба“ гpобницата, додека двајца работници плачеа над него.

„Откако беше завршена гpобницата, направивме мала шега и ручек. Легнав во гробот, и платив на двајца работници по 100 марки за да плачат по мене“, изјави Миладин за порталот БЛ.

Тој додава дека гробницата ја направил во Голеши, со своите најблиски.

Јелиќ во градот е познат по веселите прослави во кафаната, која сакаат да ја посетуваат познатите естрадни ѕвезди како Саша Матиќ, бидејќи, велат, најдобро е да се одморат таму, за своја душа.

Извор: BL portal

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде