Ивона Талевска по подолго време се појави во јавноста: На Македонија и се потребни брзи предвремени избори

Вчера во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, по подолго време пред малите екрани се појави познатата новинарка и уредник на Вечер, Ивона Талевска. Талевска дебатираше со нејзиниот колега, Зоран Иванов.

На Македонија и се потребни итни и брзи предвремени парламентарни избори. Постојат најмалку три причини.

Прва е кризата односно економската криза, високата инфлација, енергетската криза, прехранбена криза, второ е голем степен на корупција и трета причина се лошите меѓународни извештаи за нивото на корупција и неефикасност на македонскиот државен систем, посебно на правосудниот и обвинителскиот систем, изјави за „Само вистина“ на Канал 5, новинарката Ивона Талевска.

Таа потенцираше дека енергенсите поскапуваат, а државата навреме не се подготви иако сите најави ги имаа и од меѓународните пријатели и организации.

– Не се подготвивме да набавиме доволно струја и да ги мобилизираме домашните ресурси за да обезбедиме стабилно снабдување по цени кои можат да ги платат граѓаните. и

Да се запре навреме инфлаторниот шок со навремено купување на доволни залихи на енергенси. Порастот на енергијата значи пораст на сите останати производи, рече Талевска.

Таа нагласи дека втората работа е што имавме доволно време за навремено снабдување со доволни количинни на храна по цени кои може да ги платат граѓаните, кои веќе не можат да го издржат овој инфлаторен шок.

– Македонските институции ненавремено делуваа, а истовремено задолжувањето е зголемено.  Состојбата со корупцијата е страшна во државата, оваа влада донесе нестабилност.

Системот е кроумпиран, што  Стејт департментот критикува за корупција, американската амбасадорка излегува и вика дека правосудниот систем има доверба од 8%. Дали е тоа доволна нестабилност? 

Од таа гледна точка каде на раководните позиции во државните институции, правосудство и обвинителство се поставени кадри на СДСМ и ДУИ кои довеле до криза и енормно задолжување на државата.

3,5 милијарди евра е зголемен државниот долг откако е оваа власт, а немаме нови болници, нема нови патишта, нема нови училишта, градинки, нема ништо ново, истакна Талевска.

Ивона Талевска, проговори и за односсите и преговорите со Бугарија.

-За да преговараме со Бугарија и за да можеме да кажеме дека има и политичка и правна тежина, најрпвин Бугарија мора да ги исполни пресудите од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, да ги изврши 14-те пресуди кои се однесуваат на правата на македонското малцинство, рече Ивона Талевска и посочи дека без тоа бесмислено е ние да преговараме со Бугарија која ни става вето заради македонизам, а истовремено не ги почитува европските институции, не ги испорачува европските пресуди кои се задолжителни.

– Имаме корупција во тој сегмент бидејќи половина влада изминативе 5 години разви силни бизнис релации со Бугарија и бугарски компании и веројатно една од причините зошто се форсира вакви самоубиствени преговори кои треба да го поништат македонскиот идентитет и македонската историја се поврзани токму со тоа, рече Талевска.

Таа истакна дека од таа гледна точка, ние воопшто не треба да преговараме со Бугарија, посебно не за минатото и треба да видиме што ќе правиме во иднина.

Извор: vesnik.com

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде