Украинците објавија шокантна фотографија од воздух: Еве што прават Русите додека на светот му се заканува криза со храна!

Додека на светот му се заканува недостиг од храна, руските агресори ги нападнаа полињата во Украина

Украинското Министерство за надворешни работи објави драматична фотографија направена од воздух на која како што тврдат, се гледаат штетите кои руските напади ги предизвикале на полињата околу патот за Изум.

„На светот му се заканува недостиг на храна, а руските агресори пукаат во украинските полиња. Ова е патот до Изум во областа Харков. Изгледа како рани на телото на природата“, стои во описот на фотографијата што ја објавија Украинците.

Украина се смета за светска „житница“, а Русија и Украина заедно сочинуваат речиси една третина од светскиот извоз на пченица.

Да потсетиме, неодамна американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја обвини Русија дека ја користи храната како орyжје.

Обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН, Блинкен исто така рече дека Русија ја држи храната во заложништво не само за Украинците, туку и за милиони ширум светот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде