Заплови првиот руски брод во Мариупол, се товари вреден метал: Во Киев бесни – грабеж на окупаторот, сакаат се да земат!

Људмила Денисова, украинскиот омбудсман за човекови права, на апликацијата Телеграм напиша дека се работи за „руски грабеж“

За прв пат откако руските трупи го освоија Мариупол, брод вплови во пристаништето на тој град за да го натовари металот и да го пренесе во Русија. Киев го нарече потегот „грабеж“, објави Ројтерс.

Бродот ќе биде натоварен со 2.700 тони метал, по што ќе отплови 160 километри источно до Русија. Не е познато за каков метал се работи, ниту каде е произведен.

„Продолжува грабежот во привремено окупираните делови на Украина. По грабежот на украинските житарки, окупаторите решиле да земат метали и од Мариупол“, напиша Денисова.

За потсетување, вчера најголемиот украински производител на челик Метинвест објави дека е загрижен бидејќи Русија би можела да искористи неколку преостанати бродови во Мариупол за „крадење и шверц на металуршки производи“ кои припаѓаат на Метинвест, пренесе Ројтерс.

Русија ја презеде целосната контрола врз Мариупол минатата недела кога повеќе од 2.400 украински борци се предадоа во опколената фабрика за челик Азовстал во Азовското Море. Во четвртокот беше кажано дека пристаништето е деминирано и дека е повторно отворено за комерцијални бродови.

Заземањето на Мариупол од страна на Москва и помогна да стекне целосна контрола над брегот на Азовското Море и создаде копнен мост што ја поврзува копното на Русија со Крим, кој го припои кон Украина во 2014 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде