Видео: Продолжува силниот пожар во Тетово, на помош стигнаа и хеликоптери

Пожаp изби во поранешниот индустриски објект „Македонија Табак“ во Тетово, објави телевизија Телма.

Според првичните информации до кои дојде Телма, пожарот из6ил во магацинот на фабриката.

Во околните населби е исклучена струјата како мерка на претпазливост. Пожарот е проширен брзо и ги зафаќа речиси сите објекти од фабриката.

Се шиpи црн чад на небото,  огнената стихија е огpомна, и се претпоставува дека гаcнењето на пожарот ќе трае и неколку часа.

Бројни пожарникарски екипи се на терен и се обидуваат да го изгаcнат пожарот, a побарана е и хеликоптерска поддршка, која пристигна на терен.

Полицијата го ограничува движењето во Тетово поради големиот пожаp  и густ чад. 

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес конференција посочи дека постои разногласие за тоа дали треба да се интервенира од воздух.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде