Грмежи, ветер, силен дожд,…Илјадници граѓани се евакуирани, 15 повредени и една жртва големо невреме ја погоди Франција! (видео)

Министерот за внатрешни работи на Франција, Жералд Дарманан денеска изјави дека една жена загина, а 15 се повредени во вчерашното невремето што ја зафати Франција.

Како што јави дописникот на МИА, првпат по 20 години, 65 департмани биле погодени од невреме, а пожарникарите имале 3.500 интервенции.

Поради 50.000 громови нарушен беше и железничкиот сообраќај во Франција, околу 15.000 домови останаа без електрична енергија,

а во Париз поточно во Вансен беше откажан музичкиот фестивал Ви Лов, при што беа евакуирани околу 40 000 лица, исто како и 30.000 извидници на традиционалната смотра која се одржуваше во Шамбор.

Во парискиот регион беше затворен патниот сообраќај поради градот, уништени се повеќе земјоделски култури, а највпечатлива беше молњата што ја погоди Ајфеловата кула.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде