Врнеше град со големина на орев – Страшно невреме го погоди делчевскиот регион (Видео)

Нестабилно време со локални силни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот, попладнево зафатија повеќе делови од земјава, а најинтензивни се во источните и југоисточните делови од земјава, како и во Пелагонија.

Забележан е град во повеќе места во Тетово и тетовско, во Пијанечко-Малешевскиот регион, а локални нестабилни процеси има и во охридско и струшко.

Исто така, облачна маса од север навлегува во Скопската Котлина и се очекува да ја зафати, велат од УХМР.

Управата за хидрометеоролошки работи објави мапа на која се обележани локалните невремиња низ Македонија.

Порталот Делчево 365 на својата фејсбук страница објави видеа и фотографии од силното невреме кое го зафати делчевскиот регион, односно на планината Голак.

На фотографиите може да се забележи дека паѓал град со големина на орев. Засега нема подетални информации за причинета материјална ш тета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде