ВИДЕО: Мечка се појави на патот Маврово – Дебар

Вчера според објавеното видео на социјалните мрежи снимена беше мечка како се движи покрај патот Маврово – Дебар.

Ова не е прв пат мечка да се појави во овој предел. Граѓаните од околните села често пријавуваат штети од мечки, а досега на повеќе од 700 мечки им се судело за направени штети.

Неодамна мечка беше забележана и на улиците на Битола.

Најстарата пресуда која е евидентирана во судската база на пресуди на Основниот суд во Битола, е од 2010 година, за уништен пчеларник во село Ротино од мечка, со која судот ја задолжува државата да плати на сопственикот 20 илјади денари.

Но, на пчелар од село Скочивир во 2015 година му биле исплтени над 10 илјади евра затоа што мечката уништила 40 сандаци со пчелни семејства.

За изедено магаре од мечка судот во 2012 на жител од село Српци му досудил 6 илјади денари.

Иако на земја немало траги од мечка, сепак судот ги прифатил доказите дека на вратот на магарето имало траги од шепа и нокти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде