Старлета од Скопје е виновна за разводот на Пике и Шакира – еве што изјави таа!

Бугарските таблоиди пренесуваат дека Драгана Спасовска од Македонија која живее во Пловдив била причината за разводот на фудбалерот на Барселона и пејачката Шакира.

Дополнителна причина за шпекулации даде и изјавата на Спасовска за „Фокус“.

„Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам.

Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите… Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега.

„Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар.

Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате“, изјави таа за „Фокус“.

Засега изјава на оваа тема од другата страна нема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде