„Ако бидеме искрени и чесни, првата грешка Македонија ја направи во Охрид. Од тука се почна…“

Северна Македонија утре во Брисел ќе ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ, на која премиерот Димитар Ковачевски на македонски јазик ќе ја прочита отворачката изјава.

Веднаш потоа почнува скринингот кој ќе трае година и половина, а по завршување на тој процес, предвидена е следната меѓувладина конференција со која ќе се комплетира фазата на отворање на преговорите за членство, а нејзиното одржување е условено со измените во Уставот.

Во Софија вчера беше потпишан и билатералниот протокол меѓу Северна Македонија и Бугарија, а претходно состанок одржа меѓувладината комисија на која присуствуваа министерите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска.

-Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат.

Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што граѓаните на Северна Македонија најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол во Софија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, нагласи дека ова за нас е историска можност што после 17 години кандидатски статус, Република Северна Македонија добива можност да ги почне преговорите со ЕУ.

Со свој став за последните случувања во Македонија се огласи и Филевски Игор.

Од оваа денешна дистанца, ако бидеме искрени и чесни пред себе си, кога ќе погледнеме наназад во далечната 1991 кога добивме официјално своја држава, првата кардинална, катастрофална и најголема грешка ја направивме на 13 август 2001, во Охрид.

Е од тука се` почна.

А настаните потоа, до ден денешен, се само причинско-последнична хронологија во портфолиото на Македонија, која се` уште мака мачи да стане нормална држава.

Се` тргна од Охрид…

Се`.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде