Последни вести од гевгелиско: Пожарот стигна на 200-300 метри до куќите

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска во 13:30 часот започнал пожар во поле, којшто подоцна се проширил во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, каде е зафатен прнар и нискостеблеста шума.

Како што посочуваат од ЦУК на објавата на фејсбук-профилот, во гасењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири противпожарни возила.

Потенцираат дека во моментот на теренот се испратени и три пожарникари од ТППЕ Гевгелија и четири лица од Шумското стопанство од Гевгелија.

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат видеа, а се бара и надлежните да реагираат со хеликоптери или авиони.

Во последното обраќање на Директорот на ДСЗ, Стојанче Ангелов пожарот во моментот е на 200 до 300 метри до куќите на селото Ѓавато.

Во моментот поради мракот не е активно гасењето од воздух, но во раните утрински часови Ангелов најави дека ќе бидат вклучени хеликоптер на Армијата и авионот на ДЗС.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде