Се огласи српскиот пејач кој доживеа тешка сообраќајка во Македонија: Голема благодарност до Итната помош Велес

Поранешниот учесник на реалити ТВ, Раде Лазиќ, синоќа доживеа тешка сообраќајна несреќа.

Имено, сообраќајната незгода се случила во Македонија кога автомобилот во кој бил Лазиќ со неговиот пријател, кој управувал со возилото, паднал во провалија.

Во оваа сообраќајна несреќа Раде и неговиот другар се здобиле со телесни повреди, но за среќа не им биле загрозени животите.

Синоќа околу 23 часот во Велес, Македонија, автомобилот во кој бил Раде Лазиќ изгубил контрола и излетал од патот во провалија од 80 метри.

Неговиот пријател управувал со автомобилот, но за среќа никој не е повреден. Раде заврши со две скршени ребра, а другарот со големи изгореници на левата рака – вели добро упатен извор.

Да потсетиме, Лазиќ во 2020 година додека возел од Братислава заспал на воланот и излетал од патот. За среќа, тој се здобил само со набиени ребра и повредено десно стапало.

Самиот Господ ме спаси, ја погледнав смртта во очи! Не бев врзан во моментот на падот и само благодарение на активираните воздушни перничиња не дојде до cмртоносен исход.

Тоа ме спаси, не сакам да мислам што ќе се случеше да не отвореа. Поминав со скршени ребра, се друго е на место. Имав среќа во несреќата – открива Раде за Pink.rs.

„По втор пат, мил Боже, ми го спаси животот и ме научи уште една животна лекција. Каде и да доцниш, биди паметен и тргни ја ногата од гас“, напиша Раде на Инстаграм.

Раде се заблагодари и на Итната помош од Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде