Чудна ситуација во Јапонија: Државата бара од младите повеќе да пијат алкоxол

Младите полнолетни Јапонци не се како останатие во светот. Обично, во тие години, алкоxолот за младите е „најдобрата“ алатка за добро забавување, но Јапонците едноставно не гледаат ништо интересно во тоа, пишува Би-Би-Си.

Според податоците во Јапонија, младите Јапонци пијат помалку од нивните родители.

Така, националната даночна агенција реши да направи државен натпревар за да создаде идеи со кои конечно ќе се промени овој тренд.

Кампањата „Саке Вива!“ се надева дека ќе направи план со кој пиењето алкоxол ќе биде поатрактивно за младите.

Тие ги повикаа сите 20 до 39 годишни луѓе да дадат идеи за како младите да почнат повеќе да пијат од традиционалниот јапонски алкоxол саке.

Според основачите на кампањата, младите пијат помалку алкоxол во главно поради пандемијата, каде две години ги поминаа заклучени во своите домови.

Нездрава навика или добар бизнис?

Јапонските медиуми пишуваат дека реакцијата на народот е различна. Критичарите велат дека ова е обид да се промовира една нездрава навика.

Натпреварувачите имаат рок до крајот на септември да ги изнесат своите идеи.

Најдобрите планови потоа ќе бидат развиени со помош на експерти пред да бидат претставени конечните предлози во ноември.

На веб-страницата на кампањата пишува дека пазарот на алкохол во Јапонија се намалува, а постарата демографска состојба во земјата – заедно со падот на наталитетот – е значаен фактор зад тоа.

Извор: Слободен печат

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде