Колеги го наседнале: Полицаец примил поткуп од 400 евра, па колегите го уапсиле

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е поднесена кривична пријава против И.М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Како што информира МВР, „на 24.08.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода на едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување мерка притвор“.

Против полицаецот е поднесена и иницијатива за покренување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка, соопштија од полицијата.

Слична содржина

Скопјанец поткупил полицајци за 2.000 денари

Б.Б. (34) од Скопје пријавил вчера во Полициска станица Чаир дека на ул.„Македонскo-косовска бригада“ со неговото возило „опел зафира“, во кое бил со З.М., бил сопрен од тројца полициски службеници.

Како што информира МВР, З.М. кажал дека тие му побарале документи и откако им рекол дека не ги носи го информирале дека треба да плати казна од 500 евра и дека возилото ќе му биде одземено,

а ако не сака да плати казна да им даде 50 евра да се почестат.

МВР соопшти дека тој им дал 2.000 денари, по што ги пуштиле да си заминат.

По преземени мерки било констатирано дека станува збор за полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, кои биле на должност, но не биле на местата на кои биле распоредени, информира МВР.

„За случајот е запознаен Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде