Цела Англија загрижена: Кралицата во критична состојба, „Би-Би-Си“ прекинува програма за да известува за нејзиното здравје (видео)

Британската кралица Елизабета Втора е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите се загрижиле за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

Бакингемската палата издаде соопштение во кое изразува загриженост за здравјето на 96-годишната кралица Елизабета по медицинската проценка направена денес.

„По дополнителна проценка утринава, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението.

Принцот Чарлс отпатува во Балморал, а таму отпатува и војвотката од Корнвол, додека војводата од Кембриџ е на пат. Соопштението доаѓа откако 96-годишната кралица во средата се повлече од Тајниот совет и лекарите ја советуваа да се одмори.

„Очигледно постои итна грижа за здравјето на кралицата – тоа е кажано многу поексплицитно од претходно и без никакво спомнување дека станува збор само за потешкотии во движењето“, јавува „Би-би-си“.

Британскиот јавен сервис ја прекинува редовната програма со известувања за здравјето на кралицата.

Премиерката Лиз Трас рече дека „целата земја е длабоко загрижена“.

„Моите мисли и оние на луѓето низ нашето Обединето Кралство, се со нејзиното височество Кралицата и нејзиното семејство во овој момент“, рече таа.

Кралицата вчера ја назначи Трас за премиерка во Балморал, наместо да отпатува во Лондон на настанот. За време на нејзиното 70-годишно владеење, кралицата обично одржуваше аудиенција со нејзиниот нов премиер во Бакингемската палата.

Таа од јули е на летен одмор на својот имот во Шкотска. По вестите за влошувањето на здравјето на кралицата, британските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат со причините, а дел објавија дека е можно таа да е болна од рак, односно леукемија.

За време на нејзиното 70-годишно владеење, кралицата обично одржуваше аудиенција со нејзиниот нов премиер во Бакингемската палата.

Таа од јули е на летен одмор во својот шкотски дом.

Лидерот на лабуристите Сер Кир Стармер рече дека е „длабоко загрижен“ од веста, додека шкотската прва министерка Никола Старџен рече дека е „длабоко загрижена“ и дека ги испраќа своите мисли и желби до кралицата.

Првиот министер за Велс Марк Дрејкфорд ги испрати своите најдобри желби во име на народот на Велс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде