Тешка сообраќајна несреќа кај Собрание, можно е да има и повpeдени!

Попладнево тешка сообраќајна несреќа се случи на раскрсницата кај Собранието на РСМ, поради што е блокиран сообраќајот на дел од коловозните ленти поради увидот.

Во сообраќајката на раскрсницата меѓу улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“ видно оштетено е едно од возилата, но засега нема информации за повредени.

Извор+фото: Слободен печат

Слична содржина

Уште една тешка сообраќајна несреќа во Македонија – има и повpедени!

Попладнево се случила уште една сообраќајна несреќа, овој пат на патот кој води од Маврово Ростуше до селото Волковија во општина Брвеница, пренесува репортерот на 4news.mk.

Во несреќата учествувале комбе со регистарски таблици од Чешка и автмобил.

Првичните информации се дека се повредени две лица.

Претходно во текот на денот беше објавено за тешката сообраќајна несреќа во која имаше и загинати.

На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило

„мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф” со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде