Уште една тpaгедија во Македонија: Мpтво тело на жена пронајдено во село во Гевгелија

На местото „Змиите“ во атар на гевгелиското село Петрово вчера била пронајдена почината мигрантка.

Според соопштението од СВР Струмица, настанот бил пријавен вчера во 9 часот во Полициската станица во Гевгелија, а лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија ја констатирал смртта кај мигрантката.

Бил извршен увид на местото од полицијата, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.  (МИА)

Слична содржина

Непријатниот мирис открил тpагедија, тело на мpтов маж пронајдено во неговиот дом во Кавадарци

На 08.09.2022 во 10.30 часот во ОВР-Кавадарци М.М (49) од Кавадарци пријавил дека се шири непријатен мирис од соседната куќа,во која сам живеел неговиот чичко И.М. (70) од Кавадарци.

Полициски службеници излегле на лице место и бидејќи влезната врата била заклучена, во координација со ТППЕ Кавадарци, била отворена вратата и во куќата е пронајдено телото на И.М..

Од Итна медицинска помош е констатирана cмpт со видливи изгореници на телото. По наредба на јавен обвинител од Кавадарци,

телото е предадено на обдукција на Институт за Судска медицина –Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде