„Војна“ на политичката сцена: Арсовска со жесток УДАР до Мицкоски – можеби не сум добра со поединци кои тераат лични интереси!

Градоначалничката, Данела Арсовска на денешната прес-конференција обвини поединци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека се обидуваат да тераат лични интереси во општините и институциите со кои раководат кадри на партијата.

-Нашите односи со ВМРО-ДПМНЕ се одлични.

Односите со поединци во ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да тераат лични интереси може и да не се толку добри, вели Арсовска.

Ваквиот став на градоначалничката следува откако таа го разреши директорот на ЈП Водовод, Скопје Златко Перински,

екс-шеф на кабинет на Христијан Мицкоски бидејќи како што вели таа фаворизирал одредена компанија во тендерска постапка за изградба на пречистителна станица на реката Вардар која треба да се гради со пари од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициона банка.

На оваа тема денес се огласи и самиот Мицкоски.

– Но, во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се исполнуваат и тогаш патиштата може едноставно да ви се разотидат.

Важно е патот на ВМРО-ДПМНЕ да е оној кој е вистинскиот, а Скопје да биде метропола, и преку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе продолжиме така да делуваме, рече Мицкоски.

Тој во однос на доскорешниот генерален секретар во Град Скопје Ѓоко Велчковски и разрешениот в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински, истакна дека има апсолутна поддршка во нив и оти верува во нивното чесно работење.

– Вистината е следна, и Ѓоко Велковски доскорешниот секретар кој денеска ја напушти таа позиција и Златко Перински имаат моја недвосмислена поддршка верувам во нивниот чесен карактер и чесно работење и тие остануваат дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и во иднина.

Што се однесува до Перински можам да кажам дека постигнува исклучително високи финансиски резултати во работењето на ЈП Водовод откако е поставен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде