Aпасиев го објави референдумското прашање? – Еве како ќе гласи!

За разлика од ДПМНЕ, ние ќе ги напаѓаме заклучоците на Собранието за францускиот предлог, за да не му даваме на Талат муниција да го толкува Уставот како да е уставен судија, вели Димитар Апасиев во денешното гостување во “Само интервју” на Канал 5 телевизија.

Референдумското прашање ќе гласи:

Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на заклучоците на Владата со број…? ќе го цитираме бројот, вели Апасиев.

Сметаме дека ова е практично невоможно да се одбие таа иницијатива формално правно, објасни Апасиев.

Преземено од Инфомакс.

Слична содржина

Апасиев: Не знам дали ВМРО-ДПМНЕ сфаќа, но џабе ќе им биде влада после наредни избори ако поминат новите судии во Уставен суд

Лидерот на Левица Димитар Апасиев бара од ВМРО-ДПМНЕ да го спречи изборот на нови 4 судии во Уставен суд, во спротивно џабе ќе биде да формираат влада на следните избори:

Не знам дали ДПМНЕ ја сфаќа суштинската опасност од тоа ако дозволи избор на 4 нови уставни судии од страна на мафијата (СДС+ДУИ).

Тоа, во превод, значи дека во наредни девет години – што е повеќе од два извршни мандата – било која наредна Влада нема да може да спроведува структурни реформи,

оти ќе му паѓаат на Уставен како круша (нешто слично што му правеа на Грујо кога прв пат дојде на власт).

Ако дозволите ова да помине – џабе ви е Влада после наредни избори. Ќе треба после Уставен да го укинуеме, со закон.

Ама за тоа, ќе треба кај нас да дојдете, на дополнителни правни консултации.p.s. БЛОКИРАЈТЕ го изборот на Комисија, додека има време!

Ако дојде на пленарна – пиши „пропало“, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде