Славчо Поповски со најнова временска прогноза – еве какво време не очекува

– Од денес попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд и истите локално ќе бидат поинтензивни и локално ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог.

Променливо и со локални повремени врнежи од дожд ќе биде и во следните денови, а утре ќе биде и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Овие денови ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Поради јужното воздушно струење температурите овие денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

И во Скопскиот регион од денес попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд и повремено врнежите ќе бидат поинтензивни.

Ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Температурата ќе се искачува во интервалот помеѓу 22 и 25 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде