Храброста и пожртвуваноста на охридските пожарникари е очигледна, велат од ТППЕ Охрид – Пожарна, од каде информираат за интервенција на опожарена куќа доцна синоќа.
„На 20.03.2022 год во 02 и 35 часот во ТППЕ – Охрид примена е дојава за опожаpен станбен објект (куќа).
Екипите веднаш се излезени на терен со 4 возила, при што затекнато е големо опожаpување на објектот.
Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа која е прилепена до опожаpениот објект.
Пожарникарите гаснат во отежнати околности,голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот.
Храброста и пожртвуваноста на Охридските пожарникари е очигледна.За среќа нема повредени лица.
АПЕЛ до СВР-Охрид да ги санкционираат сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на нашите должности на терен, стои во обајавата на ТППЕ Охрид.