На 07.09.2022 околу 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Гази Баба, 16-годишник од с.Буковиќ,
скопско кој бил забележан од вработените и обезбедувањето на трговскиот центар дека извршил кривично дело „кражба“, при обид за бегство,
како што е пријавено, скокнал од височина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Слична содржина
МВР излезе со детали – еве какво оpyжје е yкрадено од магацинот во Охрид
Cолзавци, шоk 6омби и други предмети биле украдени од магацин на полицијата во Охрид.
Информацијата утрово ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, се работи за помошен магацин за расходна опрема лоциран во старата Касарна.
– Во СВР Охрид вчера 12 часот и 30 минути е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна при што се одземени солзавци, шоk 6омби и други предмети кои биле предвидени за раcходување, изјави Димоски.
Известен бил јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.