Град Скопје го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ поради како што велат оттаму,
самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер и ова е главна тема на политичката сцена денес во Македонија.
– Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на
тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година – стои во соопштението на Град Скопје.
За целата ситуација сега се огласи и новинарот Фуркан Салиу.
God Damnit, Арсовска ја победува целата пропагандна машинерија на ВМРО ДПМНЕ САМА.
На СДСМ тоа не му успеа за 6 години и тоа во услови кога во 4 години имаше апсолутна власт и на локално и на централно ниво.
Добро бе, зар мислевте дека функционерите ништо не научија од судбината на Миле Јанакиески?
Зар мислите дека некој ќе лежи за да се збогати партијата и врвот на партијата?