Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени, напиша денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Градот Скопје е град на сите скопјани, затоа сите носители на овие одговорни раководни функции во градот се должни да даваат отчет пред граѓаните, а не пред партиските лидери.
Скопје мора да биде модерен град, град за сите скопјани, додаде Арсовска.
Околу најновите случувања во Град Скопје се огласи и новинарот Фуркан Салиу:
Градоначалничката, Данела Арсовска на вчерашната прес-конференција обвини поединци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ дека се обидуваат да тераат лични интереси во општините и институциите со кои раководат кадри на партијата.
По последните случувања во Град Скопје се огласи и новинарот Фуркан Салиу:
God Damnit, Арсовска ја победува целата пропагандна машинерија на ВМРО ДПМНЕ САМА.
На СДСМ тоа не му успеа за 6 години и тоа во услови кога во 4 години имаше апсолутна власт и на локално и на централно ниво.
Добро бе, зар мислевте дека функционерите ништо не научија од судбината на Миле Јанакиески?
Зар мислите дека некој ќе лежи за да се збогати партијата и врвот на партијата?, напиша Салиу на Фејсбук.