Арахамија рече дека украинската влада се уште е во контакт со борците во фабриката.
Руските сили влегле на територијата на фабриката за челик Азовстал во Мариупол, изјави украински функционер за американската телевизија.
Фабриката Азовстал е последното yпориште на украинските сили во yништениот пристанишен град, а цивилите се уште се kријат под земја во големиот индустриски комплекс.
Дејвид Арахамиа, шеф на владејачката парламентарна фракција во Украина, рече: „Обидите за Hапад на фабриката траат веќе втор ден. Руските трупи веќе се на територијата на Азов“.
Информациите на теренот беа оскудни, но во интервју за РСЕ/РЛ, Арахамија рече дека украинската влада сè уште е во контакт со борците во фабриката.
Ова доаѓа откако претходно градоначалникот на Мариупол изјави дека ја изгубиле комуникацијата со оние внатре.