Детална временска прогноза: Еве од кога да очекуваме затоплување на времето

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со повремени локални врнежи од снег.

Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните предели, а ќе и дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени, вели временската прогноза на Славчо Попоски за Утрински брифинг.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремени послаби врнежи претежно од снег.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе се задржи промелниво облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди.

Особено во текот на утрешниот ден ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег, а ќе дува и умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, минималните насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите понекаде ќе се спуштат дури до околу -15 степени. Доста ниски ќе останат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Постепено затоплување на времето и пораст на максималните температури се очекува во првите денови од следната недела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде