Вучиќ не чекаше долго и испрати жестока реакција до Харадинај

Лидерот на ААК Рамуш Харадинај вели дека нема аналогија меѓу војната во Косово и војната во Украина., но гледа дека меѓународната заедница не реагира, бидејќи задоцнила да интервенира и во Косово.

Лидерот на ААК вели дека Русија има влијание во некои делови на Балканот, но дека, според него, таа воопшто ја нема на Косово.

Харадинај вели дека Вучиќ и Србија во моментов немаат храброст да интервенираат на Северот поради меѓународните гаранции.

-Ако тоа се случеше, тогаш целиот свет ќе знаеше дека Вучиќ тоа го прави за Русија. Ако не постои можност да се најде решение за Русија,

Западот е доста добар во изнаоѓање решение за Србија, како што тоа го направи еднаш во 1999 година, рече тој на РТВ Дукаѓини, пренесува Телеграфи.

„Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде 6омбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година.

Српското раководство добро го знае тоа. Доколку српски офицер помине низ територијата на Косово, Белград ќе биде 6омбардиран, а не која било друга територија“, додаде Харадинај.

„Мораме да ја работиме својата работа. Но, Србија знае дека Косово е област на одговорност на Америка, Британија и другите“, рече Харадинај.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговори на изјавата на Рамуш Харадинај кој кажа дека Белград ќе биде бомбардиран ако само еден српски војник влезе на Косово. Вучиќ праша кој ќе го бомбардира Белград?

-Да не го бомбардира лично Харадинај? Сега сериозно. Немам коментар на бесмислици и глупости. По тоа се гледа што тие сакаат. Србија ќе ги зачува мирот и стабилноста, тоа е за нас најважно.

Нашата сила е и нашата војска, а таа ќе биде сè посилна – истакна српскиот претседател.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде