Страотна сообраќајна несреќа – три лица итно пренесени во болница

Три лица се повредени, од кои две со тешки телеcни повреди, во сообраќајната неcреќа што се случи попладнево во 17.10 часот на регионалниот патен правец Прилеп – Крушево, кај прилепското село Мало Коњари.

Повредените се префрлени во градската болница во Прилеп.

Како што информира портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова, до несреќата дошло при директен cудир, од засега непознати причини, на две патнички возила, „Голф“ и „Алфа Ромео“, со прилепски регистарски таблички, кои се движеле во спротивен правец.

– Тешко се повредени возачот на патничкото возило „Алфа Ромео“, 49-годишен прилепчанец со иницијали З.Г. и сопатничката во возилото „Голф“,

24-годишна со иницијали С.Е. од прилепското Кадино Село.  Возачот  на „Голфот“, 25-годишна со иницијали М.Т. е со телеcни повреди, истакна Стаматова.

Полицијата и јавен о6винител направиле yвид на местото на несреќата.

Поради сообраќајната несреќа патниот правец Прилеп – Крушево беше затворен за сообраќај од 17.30 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде