Трагедија ја потpeсе Србија: За само 24 часа починаа две фудбалски легенди на Партизан

Фудбалска Србија и Партизан се завиени во црно откако во последните 24 часа починаа две клупски легенди, Драгољуб Јеремиќ и Небојша Вучичевиќ.

Јеремиќ почина денеска, но причините за cмpтта засега не се познати.

Драгољуб Јеремиќ кариерата ја започна во 1997 година во Партизан чиј член беше се до 2007 година, а една сезона настапуваше и за екипата на Работнички (2006 година) како позајмен играч од црно-белите.

Покрај тоа има настапувано и за Пансериакос во Грција, а има и четири настапи за репрезентацијата на поранешна СР Југославија.

Вчера на 59-годишна возраст почина и легендарниот фудбалер на Партизан, Небојша Вучичевиќ. На Вучичевиќ му се слошило додека играл мал фудбал, а починал како последица од мозочен yдар.

Во професионалната кариера најголем белег остави играјќи за Партизан од 1984 до 1989 година, а има настапувано и за ОФК Београд, Мец, Саламанка, во Јужа Кореја во Даеву ројалс, во Папос, Мура, во БиХ, а на залезот од кариерата играше и футсал во Канзас сити.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде