Видео спот кој го обиколи регионот: Вучиќ во предизборен спот излегува од фрижидер

На 12 март на полноќ истече рокот за пријавување за редовните претседателски, вонредните парламентарни избори и за изборите за град Белград и локалната власт.

Изборите ќе се одржат за 20 дена, на 3 април, а до Републичката изборна комисија (РИК) изборни листи поднесоа 16 партии и коалиции, јави дописникот на МИА од Белград.

Први што поднесоа изборна листа е владечката Српска напредна странка (СНС) под слоганот „Александар Вучиќ-Заедно можеме се“,

СНС на парламентарните избори настапува во коалиција со партијата Покрет на социјалистите (ПС) на Александар Вулин, СДПС на Расим Љаиќ, Партијата на пензионери на Милан Кркобабиќ, Српската народна партија (СНП) на Ненад Поповиќ и Движењето за силна Србија на Богољуб Кариќ.

Претседателот Александар Вучиќ вечерва на својот Инстаграм профил објави ново предизборно видео.

Претседателот Вучиќ во едно смешно видео излегува од фрижидер и ги набројува успесите кои се постигнати во претходниот период.

Вучиќ покрај видеото напиша: „Единствената граница се нашите соништа“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде