Што се случува? Бугарското МВР ја избриша објавата дека Борисов е приведен

Бугарското Министерство за внатрешни работи ја избриша веста за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов од својата интернет-страница, јави БГНЕС.

Претходно, беше објавено дека полиција влегла во домот на Борисов во Софија и го привела.

Во цела Бугарија во тек е голема заедничка операција на бугарските истражни органи и Европското јавно обвинителство. Се проверуваат досиејата на 120 луѓе, објавија медиумите.

Според досегашните информации, покрај Борисов, приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

– Никој не е над законот, напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на Борисов.

Во меѓувреме, медиумите објавија и дека се забележани собири на приврзаници на ГЕРБ, а пред куќата на Борисов се наоѓаат стотици негови приврзаници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде