Бугарското МВР објави видео од апcењето на Борисов

Бугарското МВР објави видео од вчерашното апcење и процесуирање на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

На снимката се гледа како Борисов во придружба на полицијата без лисици на рацете пристигнува во полициската станица.

Бугарската полиција го приведе поранешниот премиер на државата и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов. Информацијата ја потврдија и од партијата за локални медиуми.

Полицијата влегла и во домовите на други високи поранешни функционери. Објаснувањето од полицијата е „итна проверка“. Контроли се вршат и во домовите на претставниците на големиот бизнис.

Бугарските медиуми јавија дека се приведени Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде