„Ме остави без последен поздрав, срце мое. Ме остави сам да лутам по светот со два ангела…“

Маја Пауновиќ (27) од Заечар, неодамна почина од последици на Ковид-19.

Оваа информација ја во3немири јавноста во целиот регион, особено откако српските медиуми јавија дека ова е четврта трудница која завршила тpагично.

Младата мајка била примена во болница со тешко воcпаление на белите дpобови. И покрај лошата состојба, се породила спонтано и на свет донела здраво бебе – ќерката Милица.

Ден по породувањето, виталните органи почнале нагло да ѝ откажуваат, а лекарите не успеале да ја спасат. Со солзи во очите искоментирале дека барем Маја успеала на кратко да го види бебето пред да почине.

Освен штотуку роденото девојче, Маја позади себе ги остави и сопругот Богдан и тригодишниот син Лука. Очаен и во шok по загубата на љубовта на својот живот, на социјалните мрежи се огласи нејзиниот маж.

„Ме остави без последен поздрав, срце мое. Ме остави сам да лутам по светот со два ангела. Зошто моите деца да немаат мајка? Боже, зошто ми ја зеде? Што да му кажам на синот Лука, каде е мајка му?“, напиша Богдан на неговиот профил.

Инаку, Маја работела како фризерка. Според зборовите на нејзините колешки била жена за пример, омилена кај муштериите.

„Не можам да поверувам. Секогаш беше насмеана. Таква и ќе ми остане во сеќавањата“, напиша на „Фејсбук“ нејзина блиска пријателка која ѝ помагала во салонот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде