Конечно: Лила откри како изгледа банкарот

По долги години емитување на ТВ Сител на популарниот квиз „Се или нешто“, неодамна Лила конечно откри мал дел од загатката кој е банкарот.

Она што е познато, е дека банкарот односно личноста која е одговорна за милионот, освен економијата има познавања од разни области,

па секогаш со натпреварувачите кои играат против него знае да сподели интересни анегдоти кои ги пренесува неговата претпоставена, водителката Лила.

Па така, неодамна во издание на „Се или нешто“, во играта на кандидатот Бобан Велков од Скопје, банкарот се опушти да каже нешто повеќе за себе.

Најпрвин, Бобан сподели дека дел од освоените пари можеби ќе ги потроши за да го реши проблемот со ќелавоста, а пак Лила се надоврза и откри дека и банкарот е ќелав.

Тој пак не додржа и веднаш заѕвони на телефон за да дополни дека освен што е ќелав, носи и шешир.

Ова беше првпат поселе многу години верните гледачи на квизот да дознаат нешто повеќе за човекот кој е најголемата мистерија од популатната ТВ игра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде