Приказна за приказните: Погледнете како се снимаа култните македонски народни приказни

Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).

Овие кратки ТВ-епизоди беа снимени од страна на ТВ-Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година. Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

Како дел од старата актерска екипа се следните глумци:

Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Лазар Бараков, Гоце Влахов, Владимир Ангеловски – Дади , Стојна Костовска, Димче Мешковски, Дубравка Киселички, Анче Џамбазова и многу други.

Некои од старите глумци беа дел и од новите сезони снимани во продукција на МТВ, Сител, А1 и Канал 5.

На 7 октомври2009 година започнало снимање на нови делови на серијалот. Режисер на првите 10 нови Македонски народни приказни е Миле Грозданоски, додека сценарист е Шенка Колозова.

Понатака режирањето ќе биде препуштено и на други режисери, меѓу кои и Љупчо Билбиловски. Снимњето е под капата на МТВ и дел од приказните се засновани на македонските приказни собрани од Марко Цепенков.

Во новата сезона Македонски народни приказни учествуваат голем број на глумци од старите делови, како и нови македонски глумци.

Првата епизода од новите македонски народни приказни снимани од МТВ се вика „Грнчарот“ и се снимала во едно од студијата на МТВ.

Останатите епизоди се снимани во околината на Скопје, како на пример: во дворови во Скопска Црна Гора, кај Св. Пантелејмон, во селото Нерези, во селата Добри Дол и Соње, во Куршумли ан, како и во студијата на МТВ.

Една од најпознатите „франчизи“ на македонската кинематографија, „Македонски народни приказни“ ги гледале и ги гледааат многу генерации. Еве како се снимале:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде