Целиот регион во исчекување: Дали конечно е пронајдено телото на Матеј Периш?

Откако медиумите во Србија објавија дека е пронајден машки тpyп во фаза на распаѓање закачен на сплав во белградската населба Умка, во тек е обдукција и идентификација.

Како што известија, поради високата фаза на распаѓање, за идентификацијата ќе треба да се почека наодот на форензичарите.

Резултатите од обдyкцијата и идентификацијата ги чека и хрватската полиција, бидејќи официјално се уште трае потрагата по исчезнатиот 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, дознава Јутарњи.хр од свои извори во хрватското МВР.

Се додека официјално не се утврди идентитетот, полицијата нема да соопштува информации во јавноста.

27-годишниот Матеј Периш од Сплит исчезна во првите часови на 31 декември кога го напушти клубот Готик во Белград.

Камерите го снимија како трча низ околните улици и моментот кога се спушта на платото кај реката Сава. 

Да потсетиме, 27-годишниот Матеј Периш од Сплит исчезна на 31 декември 2021 година. Тој со пријателите пристигна во Белград на новогодишната ноќ. По вечерата во блискиот ресторан, тие се упатија кон клубот Готик. По излегувањето од клубот околу 2 часот по полноќ му се губи секаква трага.

Со помош на снимките од надзорните камери од улиците на Белград, неговото движење било делумно реконструирано.

Морам да кажам дека имам апсолутна доверба во полицијата на Република Србија“, изјави таткото на Матеј, Ненад Периш.

Еден од менаџерите на клубот „Готик“ каде Матеј Периш бил со пријателите пред да исчезне, за Информер вели дека критичната ноќ на 31 декември немало никакви инциденти.

Извор: Јутарњи.хр

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде