Уживајте во убавото време уште денеска, од утре не очекува голема промена на времето

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 4, а максималната од 15 до 21 степен.

Во Скопје, сончево и топло. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Мало заоблачување, но слични температурни вредности не очекуваат и за време на викендот.

Утре наутро ќе има услови за слаба утринска магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со зголемување на облачност на запад.

Во понеделник ќе биде значително облачно со врнежи од дожд претежно во западните делови, најавуваат од УХМР.

На средината на неделата ќе преовладува сончево и топло време со променлива облачност, а кон крајот на неделата ќе дува јужен ветер и ќе преовладува променливо облачно време со појава на повремен дожд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде