Видео: Инциденти на трибините – се cyдрија „Комити“ и „Чкембари“

Навивачите на Вардар и на Е. Пелистер, „Комитите“ и „Чекмбарите“ се обидоа физички да се пресметаат веднаш по влегувањето на гостинските фанови во СЦ „Јане Сандански“ за време на големото ракометно дерби, објави Слободен печат.

Веднаш по влегувањето на гостинските навивачи започнаа провокациите помеѓу двете навивачки групи, а потоа дојде до обид за тепачка помеѓу “’Комитите“ и „Чекмбарите“.

Дел од „Комитите“ дојдоа до трибината каде што се наоѓаат „Чкембарите“ и се обидоа физички да се пресметаат. Сепак, до поголем инцидент не дојде по интервенцијата на полицијата.

Да потсетиме, на денешниот натпревар навивачите на Вардар, верните „Комити“ ја прославуваат својата 35-годишнина од постоењето.

Поради овој јубилеј, на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот покрај претставниците на Вардар, неколку зборови кажа и еден од постарите членови на групата Милорад Миленковски.

„Комитите“ повикаа што е можно повеќе публика, за достојна прослава на годишнината. 

„Се надеваме на полна сала в сабота. Вардар го сака цело Скопје и Македонија. Тимот е симбол на градот. Среќни сме што имаме достоен ривал во лигата, што не било случај одамна.

Потребно е да има ривали за да има битки. Победа во дербито ќе ни значи повеќе, бидејќи ќе биде крупен исчекор кон титулата. Ги повикуваме сите „Комити“ да се приклучат и да ја прославиме 35-годишнината“, кажа претставникот на „Комити“. 

Видеото погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде