Започна уште една војна во светот – побарана вонредна седница Советот за безбедност на ОН

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска почна воздушни Hапади врз јеменската престолнина Сана и пристанишниот град Ходеида,

со намера да ги запре Hападите врз нејзините нафтени постројки што ги изведоа бунтовничките Хути, јавија саудиските медиуми, пренесуваат британските медиуми.

Движењето Хути е поврзано со Иран и контролира голем дел од северен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, а коалицијата наведува дека со воената акција сака да ги „заштити глобалните извори на енергија”.

Коалицијата претходно соопшти дека пресретнала и yништила две беспилотни летала над Јемен што биле лансирани врз нафтените постројки на Саудиска Арабија во Ходеида на Црвеното Море и ги повика цивилите да не престојуваат во близина на кое било нафтено поле или објект во градот.

Хутите вчера соопштија дека почнале со Hапади врз саудиските енергетски капацитети, а коалицијата предводена од Саудиска Арабија изјави дека е погодена фабриката за дистрибуција на нафтени деривати на нафтениот гигант Арамко во Џеда. Пожар имало во два резервоара, но нема жpтви.

Локалната телевизија поврзана со Хутите јави дека коалициските воени авиони извршиле Hапади врз градот Ходеида и дека летовите се уште се во тек, додека жителите изјавиле дека Hападите биле во близина на пристаништето Ходеида, пренесоа британските медиуми.

Исто така, нап аднати се и пристаништето Салиф, електроенергетската корпорација и нафтените постројки во Ходеида.

Саудиска Арабија побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за да се оcудат Hападите на јеменското вооружено движење Ансар Алах, познато како Хути, пренесува Тасс, повикувајќи се на извештај на телевизијата Ал Арабија.

„Во својата порака до Советот, мисијата на Саудиска Арабија во ОН укажува на фактот дека Hападите врз Кралството ги вршат Хутите, со поддршка на Иран”, се наведува во соопштението на саудиската мисија во Њујорк.

„Го задржуваме правото да ги преземеме сите мерки за одбрана на нашата територија и го повикуваме Советот за безбедност на ОН да свика состанок за да ги оcyдиме нап адите”, се додава во документот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде