Стигна жеcтока реакција од Пандев откако Панчев рече дека со него Македонија губела од Андора

Легендарниот Дарко Панчев е воодушевен од работата на селекторот на фудбалската репрезентација Благоја Милевски и побара од Фудбалската федерација на Македонија да му го продолжи договорот.

„Да сум претседател на Федерацијата, веднаш би му го продолжил договорот на Милевски. Импресиониран сум од неговата работа, концептот и за мене тој е најдобриот македонски селектор“, изјави Панчев, а се наврати и на придонесот на некогашниот капитен, Горан Пандев.

„Неспорно голем е придонесот на Пандев за Македонија. Никој не може да заборави дека тој ни донесе прв пласман на Европско првенство.

Но, не може да се заборави и дека со Пандев, Македонија загуби од една Андора. Сега имаме генерација со Барди, Алиоски, Елмас, Адеми. Тие можат да донесат многу радост на Македонија“, додаде Панчев.

Запрашан за коментар, Пандев за „Фокус“, само кратко порача:

„Нема што да кажам. Се гледа дека на човекот му е многу мака што Македонија играше на Европското првенство и бараж за СП““, кратко ни изјави Пандев.

Тој уште еднаш го пофали пристапот на нашите репрезентативци во изминатите два натпревари.

„Дечките изгинаа 180 минути и секоја чест за нив. Заслужија да одат на СП, но тоа ќе биде во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа репрезентација е најдобрата во историјата на македонскиот фудбал“, додаде струмичанецот.

Извор: Фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде