Струмица тагyва: Почина првиот градоначалник на општина Струмица во независна Македонија

Тажна вест ни пристигна од Струмица – почина првиот градоначалник на општината во независна Македонија, Костадин Манолев.

Преку фејсбук статус од него се пpости актуелниот градоначалник Костадин Костадонов. Неговата објава ја пренесуваме во целост:

„Во својата 78. година од животот, вчера почина Костадин Манолев, првиот градоначалник на општина Струмица во независна Македонија, кој претходно беше претседател на Општината.

Претседателската и градоначалничката функција ја извршуваше во периодот 1990 – 1996 година, оставајќи значајни белези во своето раководење со општината, кои беа своевидна платформа во работењето и на идните градоначалници на општина Струмица.

Нека почива во миp!“, напиша градоначалникот Костадинов на својот фејсбук профил.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде