„Ја победи cмртта многу пати предходно, а замина онака како што живееше, онака како што судбината сакаше да биде…“ – Комити се простија од навивачката легенда Мац Црни

Навивачката група Комити Скопје се прости од својата легенда, Марјан Мац, кој денеска ненадејно почина.

„Денес ненадејно не напушти една навивачка супер ѕвезда, човек кој Западната трибината го памети уште од основањето на групата.

Комити останаа без една навивачка икона, кој своевремено беше еден од оние кои ја основаа а потоа и предводеа групата, од времето на Сокол, заедно со него но и по него.

Природен лидер, кој влеваше стравопочит кај оние кои само малку го познаваа. Оние кои го запознаа вистински, во него видоа голем другар, доследен на принципите, со Вардар во срцето до последниот ден од својот живот…

Градскиот асвалт го памети како еден силен човек, кој во својот животен век проживеа повеќе животи, култна личност кој остави трага која не може да биде избришана.

Карпош загуби една голема легенда, и човек со срце планина. Ја победи cмpтта многу пати предходно, а замина онака како што живееше, онака како што судбината сакаше да биде…

3агина, но името твое нема да загине !3агина но нема да сме мирни додека душата твоја не биде слободна !Комитски небесен копу, примете го со највисоки почести МАЦ – ЦРНИ !

Последен поздрав со легендата во Вторник, 05.04 од 12:30ч. на Градските Гробишта во Бутел.

22.02.1972 Марјан Мац Георгиев 02.04.2022, напишаа Комити Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде