ЦРН ДЕН за македонскиот ФУДБАЛ: Почина легендарниот фудбалер и тренер Панче Пандазиев

Тажни вести во македонскиот фудбал во изминатиот викенд пристигнаа од Струмица.

Почина Панче Пандазиев, човек кој важи за вистинска легенда на ФК Беласица.

Веста за неговата смрт ја објавија од фејсбук страницата Стара Струмица, каде напишаа:

„На 81 годишна возраст почина Панче Пандазиев еден од легендите на ФК Беласица најпрво како играч, а потоа како еден од тренерите кој играше голема улога во стварањето на плеада струмички играчи кои произлегоа од ФК Беласица.“

Почивај во мир, Легендо!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде