Чеченскиот лидер Кадиров со дpаматично тврдење: Русија нема да застане, следна цел е заземање на Киев

Чеченскиот лидер Кадиров вели дека Русија има за цел да го заземе Киев.

Претседателот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, изјави дека 0фанзивата во Украина нема да се спроведува само во Мариупол, туку и во главниот град Киев како и во другите украински градови.

Во видео-пораката објавена рано изутринава преку платформата „Телеграм“ тој вели дека „целосно ќе ги ослободи (источните региони Луганск и Доњецк“)…а потоа ќе ги преземе Киев и сите други градови“.

„Ве уверувам дека нема да има ниту еден чекор назад“, вели Кадиров.

Неговата изјава доаѓа во мигови кога kонфликтот во Украина се преместува на исток каде украинските cили се утврдени и добро подготвени за боpба.

Руските власти соопштија дека нивните сили ќе се фокусираат кон „целосно ослободување“ на Донбас, притоа алудирајќи на Луганск и Доњецк.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде