Драма во скопски маркет: Се изнервирал дека нема зејтин и почнал да мава со краставици

Ограничената продажба на масло за јадење по купувач, предизвика вистински хаос низ продавниците.

Додека дел од граѓаните сметаат дека тоа е фер решение и дека таква одлука Министерстото за економија требало да донесе многу порано, дел од купувачите својата нервоза ја истураат врз продавачите.

Таква непријатна случка имало вчера во „Стокомак“ во Тафталиџе кога нервозен купувач протестно почнал да фрла со краставици низ продавницата затоа што му требале 5, а не едно шише со зејтин. Очевидците велат дека глетката била непријатна.

– Зарем сте глупави! Што треба, пет пати да влезам во продавница за да купам 5 шишња – нервозно викал купувачот и ја расплакал продавачката кон која упатил низа навреди.

Друг купувач, пак, дошол со здравствената книшка на својата мајка за да покаже дека е неподвижна и дека и за неа треба да купи масло за јадење.

Продавачите од „Стокомак“ велат дека им е кажано дека смеат да продаваат на еден купувач по едно шише масло за јадење.

Пред некој ден, Министерството за економија упати писмо до сите трговци дека може да продаваат само ограничена количина на масло за јадење.

Иако не беше прецизирана количината, продавници кај кои има зејтин, продаваат по едно шише.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде