„Ти ме сакаше, јас те обожував!“ – Игор Џамбазов се прости од македонската театарска и филмска актерка Мајда Тушар

Македонската театарска и филмска актерка Мајда Тушар почина на 70-годишна возраст. Веста ја потврија и од Драмскиот театар во Скопје.

Мајда Тушар е родена во 1950 година во Скопје. Дипломирала актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1972 до 2015 година беше дел од Драмскиот театар во Скопје.

Од неа се простија многу колеги и соработници, но највпечатлива и нејемотивна беше објавата на социјалната мрежа Инстаграм од страна на популарниот Игор Џамбазов…па ви ја пренесуваме во целост.

Збогум, драга моја Мајда. Не постои убава приказна од златното време на Драмски театар, во која ти не учествуваш. Таква отмена, одмерена, чесна, секогаш “спакувана” како вистинска дама од англиските драми.

Преубава словенко со македонски дух. Ти и јас имавме чудна љубов.

Ти ме сакаше како син, а јас те обожував, како што се обожуваат големите ѕвезди. Биди спокојна. Конечно си со твоите најсакани…, напиша Џамбазов на Инстаграм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде